Да се плаши човек да прегледа вести, да отвори социјални мрежи … секој ден скандал до скандал, шок до шок…


„НОБЕЛОВА ЗА МИР ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НЕМИР
Предложен е за Нобелова награда за мир, а (се) создаде огромен немир во општеството – по сите основи.

Освен криминалците во политиката од трите страни и стотина илјади луѓе што чепнуваат од буџетот преку плати и некакви повластици – гледам нема задоволни од состојбите во општеството. Дури и на тие што им оди бизнисот се загрижени за развојот на настаните во Македонија.

Да се плаши човек да прегледа вести, да отвори социјални мрежи … секој ден скандал до скандал, шок до шок. Неверојатно!

Укажував(ме) уште од почеток дека не е добро да се фрла се’ на една карта туку треба да се работи на инфраструктура, зајакнување на капацитетот на Македонија во економијата и на реструктурирање на судството. Ништо од тоа.

Како што и нормално следува (за жал на сите нас), развојот на настаните во Мк, но и во ЕУ, не се во наша полза за датум. Верувам и дека не заслужуваме. Не смее датумот за преговори да биде “награда” за високото ниво на немир што е создаден во Македонија. Датумот нема да биде магичниот лек за сите болести во Мк – да не се залажуваме. Датумот може да биде “лек” само за сегашниве да продолжат да какаат дека ќе (с)работат нешто. Ништо од сето тоа.

Единствено што ме теши во цела оваа безнадежна состојба е дека овие партии се толку срозани што создава услови за нови “дечки” и “девојчици” да ја преземат Мк и да ги “дигнат на клоци” сегашниве. И да почнат од основите. Од судски систем, патишта, “диета” во државната администрација, образование, здравство … впрочем на сите ни е јасно што треба да се прави“.

Facebook статус: Венко Глигоров


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …