Да се преврива водата пред употреба во Неготино


Да се преврива водата за пиење во Неготино пред употреба, појавено е заматување поради интензивни врнежи од дожд.

Вакво известување упатија од неготинското Јавно претпријатие ,,Комуналец”.

Заматувањето на водата e, како што појаснија, поради интензивни врнежи во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар”.

Препораката за превривање на водата пред употреба е се до стабилизирање на состојбата. свд/ир

Неготино, 13 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Советот на Општина Центар додели субвенции на ЈП „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност!“

Советот на Општина Центар на последната 59-та седница донесе Одлука за доделување субвенции на јавното …