Да се загреат од ладното време протестантите запалија и оган, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се приклучи во муабетот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена го изрази својот револт према актуелната власт. Тој тогаш изјави:

“Нашиот револт ќе биде изразен поинаку, нема да биде како тие што правеа, бидејќи ние ова го градевме. Нашиот револт е гандиевски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината”.

„Ќе дојдат и избори, сакам да бидам искрен до крај. Така и овој пат, за да има избори, мора да се избориме. Ќе дојдат и избори. Еве ги претседателските, ајде тука жестоко да победиме“, дополни тој пред големиот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера на Facebook се појави и фотографија на која се гледа како Мицковски разговара со дел од протестантите пред собрание. Очигледно вечерта била многу студена па дел од протестантите биле приморани да запалат оган, за да се загреат.



Видете следно

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, …