Дали им доаѓа крајот? И Vodafone го прекина лансирањето на 5G-смартфоните на Huawei


Vodafone кој важи за еден од најсилните британски мобилни оператори одлучи да го прекине купувањето на 5Г-телефони на Huawei.

Од компанијата соопштуваат дека таа мерка не е трајна и конечната одлука ќе биде донесена во зависност од развојот на ситуацијата со кинеската телекомуникациска компанија.

– Прекинуваме со купување на моделот Mate 20 X на Huawei во Велика Британија, соопшти портпаролот на Vodafone. Тој уште додаде дека мерката е „привремена додека не помине неизвесноста за 5Г моделите на Huawei”.

Освен Vodafone и други големи мобилни оператори во Јапонија одлучија да го одложат на неодредено време датумот на продажба на новиот P30 на Huawei.


Видете следно

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a …