Дали Цементарница Усје АД ги губи странските пазари?


Согласно објавените неревидирани финснсиски извештаи на Македонската берза, Цементарница Усје за првата половина од годинава покажува пад на добивката од редовно работење пред оданочување за 13,5% споредено со истиот период лани. Во апсолутен износ станува збор за намалување на добивката од 1,2 милиони евра, со што износот на добивка за првите шест месеци во 2018 изнесува 7,85 милиони евра.

Анализата на финансиските извештаи покажува дека намалувањето на добивката во првото полугодине годинава, се должи пред се на намалените приходи од продажба кои се за 3 милиони евра или за 9% пониски од истиот период лани. Притоа најзначајно намалување се забележува кај приходите од продажба на странскиот пазар, каде е забележан пад дури од 2,1 милион евра, додека продажбата на домашниот пазар е намалена за 936 илјади евра, споредено со лани.

При релативно стабилна структура на оперативните расходи од работењето, може да се заклучи дека намалувањето на добивката во споредба со лани, се должи најмногу на намалената продажба на странските пазари (пад за 17,7%).

Дали Цементарница Усје полека го губи пазарниот удел на странските пазари во услови на зголемена конкурентност?


Видете следно

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи, ќе има дополнителни вакцинални пунктови

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш …