Breaking News

Данска планира зголемување на буџетот за одбрана во следните десет години


– Владата на Данска најави дека во следната деценија ќе ги зголеми годишните расходите за одбрана на 21 милијарда долари.


Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен истакна дека со оглед на војната во Европа неговата земја е на пресвртница во својата одбранбена и безбедносна политика.


Според него одлуката за зголемување на трошоците е насочена кон целта на НАТО да издвои најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната.  ми/фото МИА архива .

Извор: МИА