Дебарските пожарникари досега со 12 интервенции, апелираат да не се палат огнови на отворено


Дебарските пожарникари во изминатиот период од оваа година имале 20 отсто помалку интервенции споредено со истиот период минатата година.

– Од јануари до денес имавме 12 интервенци, главно на објекти. Поконкретно 10 се интервенци на објекти, поточно запалени оџаци, една интервенција имавме на отворен простор и една запален контејнер, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на територијалната проптивпожарна единица.

Имајќи предвид дека се уште се наоѓаме во период на грејна сезона, а повеќе од 80 отсто од домаќинствата во Дебарско домовите ги затоплуваат со огревно дрво, Мифтароски упатува апел до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи, како што се гледа причината за поголемиот број од пожарите во објекти биле токму неисчистените оџаци.

– Исто така во период сме кога се во тек подготвителните работи за пролетната сеидба, но и почестите излегувања на граѓаните како резултат на поволните временски услови за тоа. Затоа при расчитување на нивите или движење на отворен простор, апелираме до сите на поголема внимателност и замолуваме да не палат огнови, апелира Мифтароски.

Четринаесетте дебарски пожарникари интервенираат и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, а во рамки на воспоставената сорабока меѓу општините, Дебар и Пешкопеја, по потреба, од хуманитарен аспект интервенираат и во пограничниот појас на албанска страна.

Во текот на минатата година единицата, имаше 132 интервенции а активно беше вклучена и во спроведување на дезинфекција на објекти поради пандемијата со Ковид-19. вт/цр

Дебар, 3 март 2021 (МИА)


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …