Дебата „Дигитална демократија – патека кон поголемо учество на граѓаните“


По повод Меѓународниот ден на демократијата, кој секоја година се одбележува на 15 септември, денеска ќе се одржи дебата на тема „Дигитална демократија – патека кон поголемо учество на граѓаните”.

Дебатата ја организира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење.


Главна цел на настанот е да се истакне важноста од дигиталната демократија во реалното и ефективно вклучување на јавноста во процесите на носење одлуки во државата, искуствата од досегашното практицирање на дигиталната демократија, како и предизвиците кои претстојат на ова поле во наредниот период.

На дебатата најавено е учество на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, , постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, како и на претставници од повеќе надлежни институции, бизнис и граѓанскиот сектор. мд/бак/



Видете следно

Македонски научници – дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubicomp во Англија

За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC …