Дебито на Alibaba е повеќе успешно отколку што се очекуваше


Дебито на кинескиот интернет гигант Alibaba може да се покаже како успешно, отколку што се очекуваше. Поради големиот број барања компанијата ја зголемила цената на една акција од 66 на 68 долари, соопштија од кинеското друштво.

Менаџерите на компанијата и во моментов продолжуваат да го кружат светот, за да ја рекламираат понудата на акции на компанијата. Познатото повеќе како „роудшоу” веќе е во Азија, каде што ќе бидат посетени Хонг Конг и Сингапур.

Основачот на компанијата и најбогатиот човек во Кина Џек Ма го изрази своето разочарување за новинарите дека првите акции на Alibaba нема да се случат на хонгконгската берза, која одби да ја прифати поради недоволна транспарентност на корпоративната структура. Наместо таму, таа ќе стартува на њујоршката.

Alibaba е водечка сила во интернет трговијата. Концернот прави сопствени податоци обрт колку своите конкуренти Amazon и Ebay земени заедно. Според податоците на аналитичарите во наредните години токму Кина ќе стане најголемиот и важен онлајн пазар во светот. А сето ова го објаснува и интересот на инвеститорите кон компанијата.


Видете следно

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, …