Дел од Општина Аеродром и три скопски села утре без струја


Корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка утре од 8:00 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8.30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Тодор Чангов” – подулици број 53 и 61 во Општина Аеродром.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. вј/сп/

Скопје, 8 април 2021 (МИА)


Видете следно

295 санкции за брзо возење на патот Скопје-Охрид, продолжуваат засилените контроли (видео)

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, …