Breaking News

Делегација од БДС во Сараево на свечена академија по повод 110 години од основањето на хуманитарната организација „Мерхамет“


Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Северна Македонија Џеват Хот во Сараево присуствуваа на свечана академија по повод големиот јубилеј – 110 години од основањето на хуманитарната организација „Мерхамет“.


На свеченоста присуствуваа бројни истакнати личности од политичкиот, културниот и општествениот живот на Босна и Херцеговина и регионот. Во таа пригода, претседателот на БДС, Колашинац оствари неколку значајни средби при што соговорниците ги запозна со активностите на БДС, како и со состојбата на Бошњаците во Северна Македонија.


Инаку, хуманитарната организација Мерхамет во Сараево цели 110 години активно спроведува хуманитарни активности и уште од своите почетоци настојува да го зачува достојанството и дигнитетот на Бошњаците.

Мерхамет храни околу 8.000 луѓе во своите народни кујни ширум Босна и Херцеговина. Покрај тоа им помага на луѓето кои живеат далеку од народните кујни.


Оваа организација е основана во Сараево во 1913 година.

Мерхамет е огледало на душата на својот народ, е реченица која неретко се слуша низ сараевската чаршија, а доспева до многу луѓе ширум Балканот, но и светот.


Бошњачкиот демократски сојуз (БДС)