Делегација од индијската „Сахара груп“ повторно во посета на Македонија


Бизнисмените ќе престојуваат во Охрид, Струга и Преспа, а деновиве односно до петок подетално ќе ги анализираат потенцијалите за инвестирање во земјава.

Повеќе од 30 членови во делегацијата се пристигнати во Македонија со приватен авион, а планираат да разгледуваат и локации за снимање филмови.


Според првичните информации, делегацијата е предводена од жената на првиот човек на „Сахара груп“, Субрати Рој кој е еден од најбогатите луѓе во Индија.

Првиот човек на „Сахара груп“ Субрати Рој, ја посети земјава пред две недели. Тогаш Индијците си отидоа воодушевени од земјава, а од Владата информираа дека најзаинтересирани биле за инвестирање во земјоделството, туризмот и рудните потенцијали.

Извор: сител тв


Видете следно

Народна банка за годинава проектира раст на БДП од 3,9 отсто и инфлација од 2,2 отсто (ДПЛ)

Раст на бруто-домашниот производ од 3,9 отсто годинава и наредната година и 4 отсто во …