Ден по изборите, рекорден пад на турската лира и драстичен пад на берзата во Истанбул


Турската лира падна до рекордно дно во однос на доларот, а главниот берзански индекс на берзата во Истанбул загуби над 8% на почетокот на тргувањето во понеделникот, откако за прв пат по повеќе од една деценија владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) не успеа да освои апсолутно мнозинство на спроведените избори во земјата.

Партијата на претседателот Ердоган доби малку под 41% од вкупното гласање, но тоа значи дека таа нема да успее да ги добие потребните 276 места во 550-члениот парламент на Турција, за да формира самостојно влада и ќе треба да бара коалициско управување, потпирајќи се дополнително на околу 18 пратеници од другите партии.


Инвеститорите стравуваат дека претстојат недели на политичка нестабилност и дури гледаат ризик од предвремени избори. Тоа предизвика агресивна продажба на турските лири и на акциите на компаниите кои се тргуваат на берзата во Истанбул.

На почетокот на денешната трговија локалната валута се распадна со над 5%, достигнувајќи историско дно од 2.8096 фунти за еден американски долар. Сега турската лира се тргува на загуба со околу 4% во однос на “зелените пари” на ниво околу 2.7657 фунти за долар.

Главниот берзански индекс на берзата во Истанбул BIST-100 Stock index се намалува за околу 6%, откако на почетокот на денешната трговија се намали со 8,15%, додека приносот на 2-годишните турски државни обврзници скокна до 10.43% од 9,9% кон крајот на минатата недела, а на 10-годишните вредност – до 9.98% од 9.32% во петокот.

Предизборната кампања на Ердоган помина под знакот за силна победа на неговата партија и победа на барем 330 пратенички места, што би овозможило промени во уставот на земјата преку референдум, и дава многу поголеми овластувања на претседателската институција во негово лице.


Видете следно

Вечерва во 24:00 часот истекува рокот за регистрирање и поднесување корегирани ценовници од медиумите

Вечерва во 24:00 часот истекува рокот до кога радиодифузерите кои се претходно регистрирани во Државната …