Денес е „Црн петок“ – кои се суеверијата и занимливите факти за овој ден


Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв. На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места. Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ашвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.

Стравот од петок 13-ти се нарекува параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија

Некои истражувачи сè уште го бараат коренот на т.н. црн петок. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13:

Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок.

На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.
Суеверието најверојатно има врска и со календарот, кој според астрономијата во минатото се сметало дека е потребно да постојат 13 месеци во некои години, додека Грегоријанскиот и исламскиот календар секогаш имаат по 12 месеци во годината.

Видете следно

Царовска: Подготвен Национален акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција

“Насилството врз жените и семејното насилство не е само женско, туку национално прашање, родовата еднаквост …