Breaking News

Денес и утре посебен сообраќаен режим во Скопје


Поради изведување градежни работи денес и в недела ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.


Како што информираат од МВР, оваа улица денес ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи и в недела во периодот од 07:00 до 19:00 часот.


Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. сст/сп/

фото МИА архива