Еве кога ќе се знае дали ќе има нови рестриктивни мерки против Ковид-19


Комисијата за заразни болести најдоцна до денес ќе одлучи дали ќе предложи враќање на рестриктивните мерки за време на продолжениот викенд, пред христијанскиот празник Духовден.

– Одлуката ќе ја донесеме во следните неколку денови, сигурно до четврток, имајќи предвид дека и в петок има празник, кога може да се случи граѓаните да не ги почитуваат превентивните мерки. Во однос на тоа како ќе се изведе, сигурно добро ќе се разгледаат регионите, па потоа ќе разговараме со одговорни лица во МВР, кои што евентуално би го организирале сето тоа. До четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се организира движењето во текот на викендот, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој упати пораки до граѓаните дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминувањето на оваа состојба и уште еднаш упати апел да се почитуваат превентивните мерки-носење маска, држење дистанца и често миење раце.

Министерот Филипче потенцира дека нашиот здравствен систем има капацитет да се справи со новиот бран на болеста.

– Има суштинска разлика меѓу првиот и овој бран.Тогаш, не знаевме што може да очекуваме, не знаевме колку може да се прошири вирусот, имаше многу непознати и за самиот вирус не знаевме колку може да го оптовари здравствениот систем, истакна Филипче, кој потенцира дека сега точно знаат што се случува.


Видете следно

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам со сите партии, услови не прифаќам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори …