Денес се одржува „Форест фест“ во Берово и во Пехчево


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никловски,  денеска присуствуваше на фестивалот „Форест фест“, кој што се одржува во Берово и во Пехчево. Целта на оваа манифестација е да се афирмира приватното шумарство и неговата улога во развојот на економијата, да се даде фокус на руралниот развој, и да се акцентира вредноста на шумите како природно богатсво поради општо-корисните функции на шумите. Министерот Николовски посочи дека МЗШВ заедно со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, континуирано работи на унапредување на мерките за сопствениците на приватни шуми во Програмата за рурален развој и во Програмата за проширена репродукција на шумите, и тоа со една единствена цел – зголемување на економските, еколошките и културните вредности на шумите.

Шумите и шумското земјиште покриваат околу 40 отсто од целокупната територија на Македонија и се важен природен ресурс за околу 60.000 сопственици на приватна шума, особено во ридско-планинските подрачја.

„Националното здружение преку соработка и комуникација со стручната фела и со претставниците на Здружението, ќе учествува во изработката на закони и подзаконски акти од областа на шумарството. За таа цел,  во октомври годинава потпишавме Меморандум за соработка со ЈП Македонски шуми и Националното здружение. Но, она што е најважно е да потсетиме на вредноста на шумите како наше природно богатство, особено во борбата против аерозагадувањето. Без разлика дали шумите се во државна или приватна сопственост, наша задача како министерство е да креираме мерки кои ќе дадат позитивни резултати во заштита, зголемување и одржливо управување со шумскиот фонд“, истакна Николовски.

При тоа Николовски потенцираше дека  во наредниот период започнуваат сериозни реформи во шумарскиот сектор, со цел унапредување на шумите и шумарството во целина, преку ново финансирање за проширена репродукција на шуми, како и хармонизација на шумарската политика во рамки на процесот на приближување кон ЕУ. За ефикасна реализација на овие цели, МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО, конкретно за развивање на методологијата за спроведување на Национален инвентар за шумите и истата ќе трае до крај на година. Шумарството е влезено и во тригодишната Проrрамска рамка на ФАО за Македонија. Дополнително, со европската ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој се планирани 15 милиони евра, со кои за првпат ќе се финансира и секторот шумарството. Парите ќе се искористат за воспоставување шумарски информативен систем, што е важно за одржливо стопанисување со шумите, креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување податоци клучни за развојот на овој сектор.

Оваа манифестација е во организација на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водопанство, Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Програмата за зачувување на природата во Македонија, како проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, и од општините Берово и Пехчево.

Подготвил: Тони Иваноски


Видете следно

Подобра бизнис клима во Македонија преку реформи во секторот туризам и угостителство

Денеска, 11.12.2018 година, Стопанската комора на Македонија и другите партнери на Проектот на УСАИД „Партнерство …