Денес започнуваат со работа комисиите кои ќе ги разгледаат сите одбиени апликации на Годишните конкурси


Денес (11.2.2019 година) со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година, информираат од Министерство за Култура.

Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.


Видете следно

Се помалку се запишуваат студенти на високите стручни школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република …