Денеска без вода дел од Кисела Вода


Поради изедување на водоводен приклучок од ф 80 милиметри на улица „Виктор Иго” бб во населба Кисела Вода, во текот на денешниот ден без вода ќе бидат корисниците од оваа, како и од улиците „Невена Горгиева Дуња”, „Драга Стојановска”, „Балзакова” и „Дренак”.

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па се до завршување на активностите. свс/сп/


Скопје, 4 мај 2021 (МИА) –


Видете следно

Во текот на една недела санкционирани 123 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот …