Денеска е светски ден на туберколозата


Светскиот ден на туберкулозата се одбележува секоја година на 24 март и претставува можност за да се подигне свеста за товарот од туберкулозата (ТБ) во светски рамки.

Оваа година се одбележува 138-годишнината од објавувањето на д-р Роберт Кох во 1882 година за неговото откритие на бацилот на туберкулозата, причината за туберкулоза.

Туберкулозата е болест на сиромаштијата, начесто ја напаѓа младата популација од населението во нивните најпродуктивни години. Деведесет и пет отсто од туберкулозните смртни случаи се во земјите во развој.

Употребата на тутун во голема мера го зголемува ризикот од туберкулоза и смртен исход. 7,9% од случаите на ТБ во целиот свет се припишуваат на пушењето.

Според СЗО, во 2017 година околу 1 милион деца биле заболени од туберкулоза, од кои 230.000 починале.

За периодот 2018-2022 година прифатена е и се спроведува актуелната Стратегија за контрола на туберкулоза, која е базирана на целите за одржлив развој и глобалната стратегијата на Светската здравствена организација, насловена како „Крај на туберкулозата до 2030 година”.


Видете следно

Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна …