Денеска сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер


Наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 10, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 24 степени.


Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Скопје, 5 октомври 2021 (МИА)



Видете следно

Антологиското дело на Рајх за првпат со Филхармонија

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе антологиското дело на американскиот …