Натпреварот е во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија и на Општина Дојран, помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија. На настанот учествуваат над 80 учесници во 12 категории.
– Триатлон спортот во Македонија засилено расте и напредува и очекуваме убаво организирана и силна трка денес во Дојран, истакнаа организаторите на Националното првенство во триатлон.
Организаторите на настанот апелираат до сите учесници без исклучок да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Задолжително е носење маска пред и по трката, да се избегнуваат групирања, да се одржува физичка дистанца и редовна дезинфекција на рацете на пунктовите поставени за таа цел, пишува МИА.
И градоначалникот од општина Дојран Анго Ангов го навести настанот на социјалната мрежа Facebook: