Honey comb and a bee working

Денови на македонскиот мед


На улица „Македонија” во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.

Манифестацијата се одржува 18. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица”.


Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат различни видови мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а ќе можат да добијат и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.

Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски./


Скопје, 22 септември 2022 (МИА)


Видете следно

ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата

На 23 септември, во културниот дом „Ацо Караманов” во Радовиш, се одржа ЛАГ Експо 2022 …