Десет градови низ Македонија кои се вклучија во акцијата „Сите сити“ ја надминаа планираната количина на донации со храна


Десетте градови низ Македонија кои се вклучија во акцијата „Нахрани 10.000“ ја надминаа планираната храна којашто сакаа да ја соберат, обезбедувајќи 6 тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства.

Илјадниците граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

При собирањето на храната помогнаа над 200 волонтери од дваесеттина организации, кои изминатиот период ја пакуваа храната во пакети и започнаа да ја делат храната на социјално загрозените граѓани од нивните општини.

Акцијата покажа дека хуманоста е силна страна на нашите сограѓани, па затоа се надеваме дека ќе се зголеми нивниот интерес со посебен фокус на компаниите.

 

 


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …