Десетгодишнотo девојче програмер за кое се борат Google и Microsoft


Самара Мета е десетгодишно девојче што живее во Силиконската долина кое го привлекува вниманието на технолошките гиганти, како што се Microsoft и Google. Ова се должи на нејзините вештини како програмер, пишува Business Insider.

Уште на 6 години, таткото на Самара, Рачек Мета, тогаш инженер на Интел, почнал да ја учи да пишува кодови. Две години подоцна, таа ја создала играта за таблети CoderBunnyz, која има за цел да ги научи другите деца да кодираат.

Благодарение на оовј изум, Самара го освојува второто место во Think Tank Learning Pitchfest во 2016 година и заработува 2500 долари. Ова ја мотивира да ја создаде компанијата наречена CoderBunnyz.

Како резултат на популарноста што ја добива, Самара почнува да ја продава својата игра на Амазон. Девојката продава над 1000 кутии и заработува преку 35.000 долари.

Самара организира работилници во училиштата за да им помогне на децата да научат да програмираат. На почетокот на следната учебна година, над 106 училишта ја користеле играта во која се учи пишување кодови.

Таа, исто така, се запознава со Марк Цукерберг на Ноќта на вештерките, кој одвојува време за да и даде вредни совети за кодирање.

Младиот програмер веќе има сопствена добротворна организација наречена ПАТ.

“Ги намалувам бездомните луѓе и им помагам”, објаснува Самара.

Додека нејзината компанија е доволно богата за да направи донации, Самара бара начини да собере пари за добротворни цели. Како дел од овој план, во лето, таа продавала лимонада на штанд и успеала да собере 119 долари.


Видете следно

„Литературни искри“ Гостивар: Поетско Гран При за Димитар Арнаудов

Денес во Гостивар се одржа шестиот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“.  На манифестацијата …