Десетина слободни работни позиции во „Лидл“ Македонија: Компанијата дава компетитивни плати, a еве и кои професии се бараат во моментов!


Германскиот трговски синџир „Лидл“ веќе има објавено огласи во Македонија за повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти.

Огласите се отворени од април, вели за „Слободен печат“ Јулијана Миновска, управител на канцеларијата на „Хед-хантер“ во Скопје, иновативна компанија за вработување и регрутација, која е присутна во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БИХ.


„Лидл“ ќе понуди компетитивни плати, а во втората фаза ќе следуваат и огласите за вработените во маркетите. Се бараат 13 градежни инженери, а отворени се 5 позиции за ИТ-специјалисти и бизнис-консултанти. Познавањето на германскиот јазик е предност, но не е неопходно, а инженерите ќе треба да поседуваат една години искуство во струката – објаснува Миновска.


Видете следно

Тиго Фајнанс и Електрометал пионери со уникатно партнерство – над 60.000 МКД за над 60.000 производи

Отсега услугите на Тиго достапни во 3 маркети на Електрометал во Скопје Во рамките на …