Детскиот фестивал “Поточиња” најави аудиција за нови членови


Од денес, 23. септември 2019, до 26. септември 2019 година во Основното училиште “Љубен Лапе” во период од 18:00 до 19:00 часот ќе се одржи Аудицијата за нови членови на Детскиот фестивал “Поточиња”.

Секое дете на возраст од 5 до 10 години што сака да биде дел од претстојното 17. издание “Поточиња 2020” потребно е да подготви една омилена песничка и со широка насмевка да се претстави на Аудицијата. Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на телефонскиот број: 072 210 660 или на e-mail: produkcijapap@gmail.com

Од организаторот на фестивалот, Пап продукција, информираат дека 17. издание на “Поточиња” традиционално ќе ја најави пролетта во Скопје и ќе се одржи во месец март 2020 година.

Најавата за аудицијата може да се види на: https://www.youtube.com/watch?v=dRPTP7C8wKc


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …