Deutsche Bank: Еболата влијае на економијата


Ширењето на вирусот Ебола во африканските земји влијае и на економијата, покажува новиот извештај на Deutsche Bank.

Меѓу засегнатите сектори се ископувачите на злато, нафта, алуминиум, кобалт, бакар и какао. Околу 70% од какаото во светот се произведува во земјите од Западна Африка, наведуваат од банката. Ако кризата продолжи, експертите предвидуваат раст на цените.

Многу од компаниите кои оперираат во засегната зона ја прекинале својата производствена дејност и ги евакуираа своите вработени. Ова може да влијае на буџетот на корпорациите и ќе влијае на берзите, покажува анализата.

Друг сектор кој ќе биде негативно погоден од ширењето на вирусот Ебола е туризмот. Според експертите на Deutsche Bank главно ќе настрадаат туроператорите и авиокомпаниите, а по нив и угостителскиот бизнис.


Видете следно

Човек во центарот на Скопје нападна Кинези: Коронавирус, мрш од тука!

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како еден човек вербално напаѓа …