Deutsche Bank претрпе загуба од 92 милиони евра


Најголемата кредитна институција во Германија, Deutsche Bank објави нето загуба од 92 милиони евра за третиот квартал на годината. Негативните финансиски резултати дојдоа откако компанијата мораше да плати 894 евра трошоци за тужби, соопштува „ББЦ”.

Заедно со ова запознаени тврдат дека финансискиот директор на банката, Стефан Краус може да биде заменет. За негов наследник се споменува банкарот од Goldman Sachs, Маркус Шенк. Се очекува тој да биде на функцијата во почетокот на 2015 година.

Од друга страна од Deutsche Bank планираат Стефан Краус да остане во одборот. Се планира тој да биде преместен и да стане раководител на единицата за стратегија и контрола на програмата за намалување на трошоците на банката.

 


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …