Деветто издание на „100 Илјади поети за промена“ во Струмица


Во сабота, 28 септември 2019 година, со почеток во 19:30 часот во Babylon Café во Струмица ќе се одржи деветтото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои изразија интерес преку отворените повици да бидат дел од мисијата на самата манифестација и ова глобално движење.

Годинава здружението „Контекст – Струмица“ е домаќин на девет интернационални поети: Томаш Јонаш (Украина), Марко Видал (Шпанија), Том Филипс (Велика Британија), Петер Андреј и Мојца Андреј (Словенија) Сотуриос Пастакас и Ефтимиос Ленѕас (Грција), Иван Христов и Петар Чухов (Бугарија). Од Македонија исто така се најавени дваесетина поети гости, меѓу кои: Исток Улчар, Рина Јанкуловска,  Андреј Ал-Асади, Диме Данов, Марина Икономова Шокева, Ненад Јолдески, Сузана Мицева, Љупка Антеска, Марко Салџиевски, Цветанка Колева, Игор Трпчески, Даниела Андоновска-Трајковска, Милчо Мисоски и др. Настанот ќе го модерира и води Митко Гогов, стихови од поетите гости на македонски јазик ќе интерпретира Мариета Дукиќ, а освен поетските читања предвидена е изложба на плакати, промоција на зборникот со дел од застапените автори, музички перформанс на Брука Бенд, како и воншколска активност со учениците од ОУ „Маршал Тито“, со иницијативата „Прочитај песна на дете“ (Read A Poem To A Child).

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 60 држави во светот, со повеќе од 600 закажани настани, а нашата држава и Струмица се дел од самото движење уште од самиот почеток.

 


Видете следно

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a …