ДФРМ ИЗДАДЕ ПРИРАЧНИК ЗА ФИЛМАЏИИ


‘Рихванд’ или ‘бекдроп’, што е ‘шарфер’, што е ‘клапер’ и за што се задолжени истите, што е ‘извршен’, а што ‘линиски продуцент’, се само дел од дефинираните поими што ги содржи Првиот Прирачник издаден од страна на Друштвото за Филмски Работници на Македонија. Филмската индустрија е многу сложена и во продукцијата на еден филм се вклучени голем број на работници и автори кои мораат прецизно да знаат што работат и колку време и буџет имаат за истото.

“Во пресрет на 70 годишнината на ДФРМ, сметавме дека е потребно едно вакво систематско подредување и дефинирање на поимите и описите на функциите во филмот. Прирачникот е всушност филмскиот буквар, кој секој филмаџија мора да го знае инстинктивно, доколку сака да се занимава со филм. Ова е многу важен проект и чекор кон поголемата визија, а тоа е дека филмската индустрија во Македонија треба да добива свое конкретно место со дефинирана рамка во која ќе се делува и твори” – изјави претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Секој член на ДФРМ ќе го добие Прирачникот бесплатно. За прирачникот да ја добие својата форма придонесоа сите членови на ДФРМ и нивните соработници.


Видете следно

Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби и 218 нови вработувања во периодот јануари – декември 2019-та

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 13%, раст на консолидираната нето добивка од 18%, …