Џек Ма: пред да започнам со бизнисот не сакаше никој да ме вработи


Основачот на Alibaba, најголемиот интернет-трговец во Кина, е најбогатиот Кинез до денес, и неговото богатство се проценува на 20.4 милијарди долари. Alibaba привлекува 100 милиони корисници на ден, а услугата за онлајн преводи – Alipay, ја користеа 800 милиони луѓе.

Не секогаш работите беа поинакви за креаторот на еден од најуспешните бизниси во светот. Ма, во едно интервју потврди дека се пријавил за 30 различни работи и бил отфрлен, пред да го започне својот бизнис.

“Конкурирав и во полиција“

Одев дури на интервју за работа во KFC, кога синџирот дојде во мојот град. Дваесет и четворица кандидати бевме за работа, а синџирот прими дваесет и тројца. Јас бев единствениот отфрлен … “, коментира Џек Ма.

Кога Ма ја основал компанијата во 1998 година, тој се соочил со голем број тешкотии кои го прават исклучително креативен. Еден од главните предизвици пред него беше дека банките не сакале да работат со неговата компанија.

Тоа го натерало да создаде успешна компанија за онлајн-плаќање Alipay. “Толку многу луѓе со кои зборував на почетокот за Alipay, велеа дека тоа е најглупавата идеја која некогаш сум ја имал”, коментира уште Ма.

“Не ми беше гајле дали идејата е глупава, штом луѓето можеа да ја користат”, додава милијардерот.


Видете следно

Арсовска: Претпријатијата се ‘рбет на економијата и им треба поддршка

Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), како претседавач на панел-сесијата …