Џонсон и Џонсон заостанува во производството на вакцината


Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон” се соочува со неочекувани одложувања во производството на својата вакцина против коронавирусот и можеби нема да може да го испорача бројот на дози што и ги вети на федералната влада до пролетта, објави денеска Њујорк тајмс.

На американските федерални власти им беше кажано дека „Џонсон и Џонсон” заостанува два месеца од првичниот распоред на производство и дека нема да стигне до крајот на април, кога треба да испорача повеќе од 60 милиони дози, пишува американскиот весник.

Претходно оваа недела, извршниот директор изјави дека компанијата е на пат да произведе до милијарда вакцини против Ковид-19 до крајот на 2021 година. паг/
Њујорк, 13јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Во Масачусетс расипани околу 2.000 вакцини на Модерна поради исклучен фрижидер

Речиси 2.000 дози од вакцината против коронавирус на „Модерна” се расипаа во болницата во Бостон, …