Џонсон: Сојузот меѓу САД и Велика Британија е неуништив однос


Сојузот меѓу САД и Велика Британија треба да биде познат како „неуништив однос”, оцени денеска британскиот премиер Борис Џонсон откако првпат имаше официјална средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Џонсон за Би-Би-Си изјави дека имал „одлични” разговори со Бајден, кој пристигна во Корнвол на Самитот на Групата седум најразвиени економии во светот (Г7).


Тој изјави дека ги смета односите меѓу двете земји како „неуниптив однос” или „длабока и значајна врска”.
„Тоа е врска што трае многу долго и е важен дел од мирот и просперитетот и во Европа и низ целиот свет”, рече Џонсон.

На средбата Бајден на Џонсон му подари велосипед, вреден 6.000 долари, изработен од Стивен Биленки, познат произведувач од Филаделфија, кој вели дека Стејт департментот го исконтактирал и побарал од него да го обои велосипедот во црвена, бела и сина боја.

– Ова е помодерна верзија на британскиот велосипед со рачно насликано британско знаме и соодветна кацига, додаде Биленки.

Велосипедот е направен од компанијата Биленки сајкл воркс, основана во 1983 година и специјализирана за производство на велосипеди од челик и титаниум. ссм/

Лондон, 11 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

ЕУ и наметна нови економски санкции на Белорусија

Советот на Европската унија денеска донесе одлука за воведување економски санкции против Белорусија, што ќе …