Димитров: Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”


 Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска на својот Фејсбук профил напиша историјата да се остави на историчарите, а политичарите да се занимаваат со сегашноста и со иднината.

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување.Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”.“

Facebook статус: Никола Димитров


Видете следно

Собранието разгледа повеќе закони, гласањето ќе биде дополнително закажано

Пратениците попладнево ја продолжија 29. седница, на која на дневен ред се повеќе закони од …