Директорот на АВРСМ Абдуш Демири донираше ковалесцентна плазма


Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска на Институтот за трансфузиона медицина на РСМ донираше ковалесцентна плазма за лекување на пациенти заразени со вирусната инфекција Ковид 19.

Демири ја потенцираше важноста секој граѓанин да покаже општествена одгворност, да помогне во борбата со пандемијата предзвикана од Коронавирусот и повика сите кои се во можност да донираат крвна плазма бидејќи тоа спасува животи.

“Со оглед на големата потреба за крвна плазма, денес решив да донирам ковалесцентна плазма за пациенти заразени со Ковид 19. Ги охрабрувам сите оние кои се опоравиле од овој вирус, да не се двоумат и да донираат крвна плазма со цел заедно да го надминеме овој предизвик”.  – потенцираше директорот Демири.

Крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција Ковид 19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Оваа плазма се користи за лекување на заболените од Ковид 19 бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.


Видете следно

Туристи позирале голи на балкон во Дубаи – Еве какви казни зарботија

Група туристи во Дубаи се обвинети за ширење разврат затоа што биле фотографирани голи на …