Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски во дводневна работна посета на Република Албанија


Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски од денес е во дводневна работна посета на Република Албанија. Во рамки на посетата ќе биде остварена билатерална средба со директорката на Државниот комитет на култови, каде ќе се разговара за продлабочување на соработката помеѓу двете држави во сферата на верските прашања, размена на искуства и заштита на културното наследство. Директорите ќе разговараат и за мотивирањето на соработката на Балканско ниво помеѓу државите од регионот кои се одликуваат со висок степен на религиозност кај населението.

Во рамки на посетата во Тирана директорот Сотировски ќе оствари средби и со челниците на доминантните верски заедници во Република Албанија, поглаварот на Албанската православна црква, претседателот на Исламската верска заедница на Албанија, како и католичкиот надбискуп на Албанија.


Видете следно

Д-р Филип Станковиќ: Иднината на тутунската индустрија се темели на иновација, висока транспарентност во научните истражувања и отвореност за соработка

Македонскиот научник д-р Филип Станковиќ од Скопје е еден од 430-те научници во Филип Морис …