Дистрикт бар и ресторан ќе донира по едно евро од секој оброк за децата од СОС Детско село


Дистрикт бар и ресторан, во склоп на Скопје Мериот хотел ја започна својата глобална иницијатива “You Eat, We Give” преку која од секое нарачано главно јадење ќе одвојува по 1 евро наменети за донаторски цели. Акцијата ќе се спроведува во текот на месеците септември и октомври, а собраните средства ќе бидат донирани во СОС Детско село.

„You Eat, We Give е глобална кампања на Мериот хотелите, во соработка со СОС Детското село, преку која што секоја година донираме средства за поддршка на младите да ја започнат својата кариера и да изградат за себе квалитетен живот. По трет пат, оваа година Мериот, односно Дистрикт бар и ресторан, ќе донира 1 евро од секое нарачано главно јадење. Кампањата почна на 1ви септември и ќе трае до крајот на месец октомври. Ова е дел од програмата на Мериот за помагање на општеството и заедницата, и искрено се надеваме дека оваа година ќе биде уште поуспешна од минатата“, велaт од Мериот.

Корпоративната одговорност и грижата за заедницата, Мериот ја дополнува и со добротворни алки од лимитирано издание кои чинат 5 евра, од кои 4 евра се издвојуваат и ќе бидат наменети за истата цел и донирани во СОС Детското село.


Видете следно

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 213 возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела (10.01 – 16.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …