Дизелот поевтин за два, Екстра лесното масло за два и пол денари


Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на мазутот останува иста.

Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.


Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм. бак/сп/


Видете следно

Извештај за финансиската стабилност на Народната банка: Обемот на трансакции со недвижности и цените се над претпандемичното ниво, засега нема посериозно зголемување на ризиците за финансиската стабилност, но потребно е внимателно следење

Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот …