Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот


Скопје, 18 август 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 22.143.512 лица. Од нив починале 779.493, а оздравеле 14.874.033 луѓе.
– Во Србија во изминатите 24 часа регистрирани се 108 новоинфицирани со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени луѓе се искачи на 29.890. забележани се четири нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати лица од почетокот на епидемијата изнесува 681.

– Од направени 4.315 тестови во изминатите 24 часа, на Кипар се регистрирани осум нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.359 лица.

– Во Хрватска во изминатото деноноќие регистрирани се 199 лица инфицирани со новиот коронавирус, со што бројката на активни случаи изнесува 1.371. од 25 фервуари кога е регистриран првиот случај во земјата, со новиот коронавирус инфицирани се 6.855 луѓе, од кои 5.318 оздравеле, а починаче 166.

– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 11.485 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.623.512, од кои од кои 174.141 починале, а оздравеле 2.975.698 луѓе.

– По САД следи Бразил со 3,363,235 инфицирани лица и 108.654 починати.

– На трето место е Индија, каде во изминатите 24 часа регистирани се 50.688 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.752.272 луѓе, од кои 52.846 починале, а оздравеле 2.023.731 лица.


Видете следно

Канабисот „поддржан” од Претставничкиот дом во САД, се чека Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој првпат се дозволува употреба на канабисот. …