Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот


Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 27.374,682 лица. Од нив починале 894,342, а оздравеле 19.446,615 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа пет лица, додека пак бројот на новозаболени е 156 лица, од кои 13 по направените тестови на влезните точки во земјата.
Бројот на заразени, од почетокот на епидемијата се зголеми на 11.663 лица, а на починати на 289 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти еден нов случај на Ковид-19 и уште едно починато лице. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 1.510 заболени лица и 29 смртни случаи на лица позитивни на коронавирусот, а кај 22 од нив, Ковид-19 бил глвната причина за смртта.

– Дванаесет нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кина, а сите случаи се пријавени кај луѓе кои патувале во странство, соопшти денеска Националната здравствена комисија.
Веќе 22 дена не е забележана локална трансмисија на вирусот во земјата. Исто така, потврдени се 17 асимптоматски случаи на вирус, кои кинеските власти не ги внесуваат во официјалната статистика. Од почетокот на пандемијата во Кина, 85.134 лица се заразени со вирусот, додека 4.634 починаа.

– Според најновото истражување, пет проценти од Бразилците би одбиле да се вакцинираат против коронавирус под какви и да се околности. Според анкетата објавена во весникот „О естадо де С.Пауло”, други 20 проценти од граѓаните се изјасниле дека можеби не би се вакцинирале поради сомнежи во безбедноста и ефективноста на вакцината, како и неосновани теории на заговор. Во Бразил, 4,14 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, додека 126.650 починаа.

– Во Африка, во последните 24 часа се пријавени 224 смртни случаи поврзани со коронавирус, така што бројот на смртни случаи на тој континент надмина 31.000, објави Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.
Во Африка, потврдени се 1.292.217 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 7.199 во изминатиот ден. Најпогодена африканска земја е Јужноафриканската Република со 636.884 заразени лица и 14.779 мртви.

– Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 117 нови случаи на инфекција со вирус САРС-КоВ-2 и три смртни случаи. Во моментов има 2.614 активни случаи на инфекција во Хрватска. Меѓу нив, хоспитализирани се 307 пациенти, од кои 19 пациенти се на апарати за дишење.

– Во последните 24 часа, во Бугарија се потврдени 39 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на случаи се искачи на 17.089 од почетокот на пандемијата, соопшти бугарската влада. Во моментов се активни 4.256 случаи, од кои 945 се здравствени работници. Во последните 24 часа пет лица починаа од вирусот, вкупно 676.

– Властите во Јужна Кореја соопштија дека во последното деноноќие евидентиран е најмал број на нови инфекции во последните три недели. Сепак, властите сè уште размислуваат дали да ги продолжат итните мерки во пресрет на еден од најголемите национални празници во земјата.
Во последните 24 часа се потврдени нови 119 случаи, односно вкупно 21.296 од кои 336 починаа, објави Националниот центар за контрола и превенција на заразни болести.

– Во последните 24 часа, во Русија е регистрирана најниска смртност кај пациенти со коронавирус, првпат од 27 април. Властите соопштија дека 51 пациент починале од Ковид-19 во изминатиот ден, вкупно 17.871 од почетокот на пандемијата.

– Во последните 24 часа во Украина се регистрирани уште 2.174 случаи на Ковид-19, што е за 67 повеќе од претходниот ден, објавија властите во таа земја. Во тој период починале 31 пациент, а 379 пациенти оздравеле. Во Украина се регистрирани 138.068 случаи на коронавирус од избувнувањето на пандемијата, оздравеле62.606 пациенти, а вкупниот број на смртни случаи е 2.877.

– Во последното деноноќие, регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во Словенија, соопшти денеска владата на таа земја. Воземјата се потврдени 3.190 случаи од почетокот на епидемијата, 135 лица починаа. Во моментов, активни се 525 случаи, хоспитализирани се 26 пациенти, од кои четворица се на одделот за интензивна нега.

– Во Романија се потврдени нови 883 случаи на инфекција со коронавирус. Во земјата
досега се потврдени 95.897 случаи на инфекција. Во последното деноноќие починале уште 33 пациенти, односно вкупно 3.926 лица од почетокот на пандемијата.

– Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 99 лица новозаразени и девет смртни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 106 новозаразени со коронавирус од 380 тестирани и еден смртен случај, објави Институтот за јавно здравје.


Видете следно

Нов Зеланд прогласи кризна климатска состојба

Владата на новозеландската премиерка Џaсинда Ардерн денеска прогласи „кризна климатска состојба”. Декларацијата се заснова на …