Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот


Скопје, 29 септември 2020 (МИА) –Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.683.835 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.008.525 пациенти, а оздравеле 24.982.499 луѓе.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 135 нови случаи на коронавирус, а три лица умреа. Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 16.380 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 275 умреа.

Во Бугарија уште 216 лица заболеа од коронавирусот, со што сега има вкупно 20.271 случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија утринава здравствените власти во Софија. Во последните 24 часа умреле уште 11 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата сега изнеусва 807, пренесе БТА.

Бројот на новоинфицирани со коровирус во изминатите 24 часа во Словенија е зголемен за 99 и сега вкупно изнесува 5.487, соопшти денеска словенечката Влада. Податоците покажуваат дека инфекцијата се смирува во Словенија, откако минатиот четврток беа регистрирани рекордни 192 нови случаи.

Во Украина се потврдени 3.627 нови случаи на коронавирус, додека претходниот ден се регистрирани 2.671 случаи на инфекција, беше објавено денес во Минск. Во последното деноноќие умреле уште 69 лица, пренесе Тасс. Во Украина досега се потврдени 204.932 случаи на коронавирус, од таа инфекција починале вкупно 4.065 лица.

Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 8.232 нови случаи на Ковид-19, а други 160 пациенти умреле од заразата, објавија здравствените власти. Тасс наведува дека бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за 0,7 проценти, достигнувајќи вкупно 1.167.805 лица, додека бројот на смртни случаи е за 99 поголем од вчера и сега изнесува 20.545, или 1,76 проценти од сите досега регистрирани случаи во земјата.

Осум пациенти со коронавирус во Унгарија умреле во последните 24 часа, а потврдени се уште 851 случај на инфекција, објавено е денеска на официјалната веб-страница koronavirus.gov.hu. Во Унгарија досега е потврдени 25.567 случаи на инфекција со коронавирус, а вкупно 757 лица умреле

Во последните 24 часа, во Австрија се регистрирани 603 нови случаи на инфекција со коронавирус, од кои повеќе од половина, 308, само во Виена. Во моментов во Австрија има 8.512 активни пациенти, од кои 491 се хоспитализирани, а 90 се на интензивна нега. Шест лица починаа во текот на изминатите 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 796.

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 65 нови случаи на коронавирус од направени 7.315 тестирања. Според новите податоци на Министерството за здравство, едно лице умрело во изминатиот ден. Од почетокот на епидемијата во земјата се потврдени вкупно 33.479 случаи на коронавирус, а 749 пациенти починале.

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 134 нови инфекции и еден смртен случај од коронавирус, објави Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа во Велика Британија се потврдени 7.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс досега. Според новите владини податоци, други 71 лице умрело, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 42.072, пренесе Гардијан. Досега во земјата се регистрирани вкупно 446.156 случаи на коронавирус.

Во текот на изминатите 24 часа, во Грција е регистриран зголемен број на нови случаи на Ковид-19, односно вкупно 416, со бројот на заразени лица да се искачи на 18.123 лица. Во земјата, уште пет лица умреа од коронавирус, или 388 од почетокот на епидемијата.

Во Кипар има се поголем број нови случаи на Ковид-19, 30 во изминатите 24 часа, според официјалните податоци на Министерството за здравство. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 1.743 позитивни случаи.

Во Албанија за 24 часа има 127 нови позитивни случаи со Ковид-19, 103 закрепнати и четири умрени. Извршени биле 820 тестови. Од вкупно заразените, 13.518 се опоравиле, 7.732 се опоравиле, 384 починале, додека 5.402 биле активни во оваа болест, од кои 190 хоспитализирани во двете болници.


Видете следно

Колку пари чини Земјата?!

Планетата Земја се покажа како најскапа во универзумот, според студијата на Грета Лафлина, професор по …