Добри резултати на германската економија


Германската економија се чини дека ja надмина најтешката фаза на кризата по падот во последниот квартал на 2012 година, се наведува во месечниот извештај на германското Министерство за економија, пренесуваат од Франс прес.

“Перспективите се пројаснуваат постепено за германската економија. Првите индикатори покажуваат евентуално излегување од фазатата на слабост “, се наведува во извештајот.

Најтешката фаза од забавувањето на светската економија изгледа е надминат, додава Министерството, нагласувајќи дека турбуленциите на светските финансиски пазари значително се намалени.

Најголемата европска економија лани постепено беше зафатена повторно од кризата, која сериозно ги погоди некои од нејзините партнери од ЕУ. Во четвртиот квартал од 2012 година БДП на Германија се намалил за 0,5% во однос на третиот квартал, според првите проценки, објавени од федералната служба за статистика во средината на јануари.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …