Breaking News

Доделување награди на компании од регионот на Западен Балкан во рамки на Коморскиот инвестициски форум


Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), ќе додели награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан.


Наградите, како што информираат организаторите, се во вкупно шест категории и тоа за најголем раст на извозот во регионот во 2022 година, дигитализација, заштита на животната средина, иновативност, инвестиции и снабдување во регионалните ланци на снабдување.


Со регионалните награди, според организаторите, се оддава признание на придонесот на компаниите кои се предводници на регионалната економска интеграција и соработка, во различните столбови на Заедничкиот регионален пазар, Зелената и Дигиталната агенда за Западниот Балкан, и интеграцијата на економиите на Западен Балкан кон единствениот пазар на ЕУ. аа/вг/

Фото: МИА архива


Скопје, 29 март 2023 (МИА)