Договори за месечен надомест за практикантска работа за учениците од ЕВН паралелката


Учениците во втора година кои се дел од специјалната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје добија договори за месечен надомест. Надоместокот ќе им се исплаќа за практичната обука која ќе ја посетуваат во просториите на ЕВН Македонија во текот на училишната година. Учениците досега добиваа надомест за летната практикантска обука, а овој дополнителен надомест е мотивација и вреднување на трудот и ангажманот на учениците за време на учењето преку работа во ЕВН. Овој проект е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на работна сила.

Договорите ги доделија министерката за Труд и социјална политика, г-а Мила Царовска и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер.

„Овој проект е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на работна сила. Ги охрабрувам и другите компании да го следат примерот на ЕВН Македонија која направи специјална паралелка за стручно оспособување на средношколците. Придобивки од ваков вид образование има и која веднаш си обезбедува стручен кадар, и учениците кои освен што стручно се оспособуваат, добиваат и надоместок за практиктиканстката работа, но и вработување веднаш по завршувањето на образованието. На овој начин се решава недостигот на стучен кадар кој во последните неколку години е се поизразен, но истовремено се намалува невработеноста.“ рече министерката Царовска.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер рече дека задоволство е да се помогне на ученици кои успешно ја поминале првата година во ЕВН паралелката и се подготвени за нови знаења и предизвици.„ЕВН Македонија е социјално одговорна компанија која се грижи за иднината на тинејџерите на Македонија и со овој проект „20-20-20“ ние ги учиме како да работат. Овие ученици се веќе во втора година и може да одат на терен и да работат реална работа како нашите електромонтери. Поради тоа што преземаат некаква одговорност на терен, од денес ќе добиваат соодветен надомест. Ова е пресликување на Австрискиот модел на дуално образование преку кој од една страна од училиштето го добивате образованието, а кај компаниите го добивате чувството за работа на терен.“ рече г-дин Петер.

Директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ г-дин Димитар Ѓорѓиев се заблагодари на ЕВН за поддршката која ја дава преку овој проект и најави дека во дворот на училиштето ќе се направи полигон каде што учениците ќе може да изведуваат практична настава.

ЕВН е првата компанија која учествува во афирмирањето на дуалното образование со цел да произведе млади стручни кадри кои веднаш по завршувањето на средното образование ќе можат да бидат дел од компанијата. Целта на проектот „20-20-20“ е дваесетина ученици од секоја генерација по успешното завршување на школувањето да добијат понуди за работа и месечна плата од 20.000 денари.


Видете следно

Marlboro Core 7.0 произведени во Тутунски комбинат Прилеп достапни на македонскиот пазар

Marlboro Core 7.0 кои се произведуваат во Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), отсега достапни на македонскиот …