Дојче банка предвидува: Доаѓа ера на глобално нарушување


Во 2020 година можеби ќе дојде нова ера во историјата на човештвото, која ќе биде дефинирана со терминот „нарушување“, предвидуваат експертите на Дојче банка во новата студија. Еден од нејзините главни двигатели ќе бидат односите меѓу САД и Кина и оваа конфронтација ќе личи на американско-советските односи за време на Студената војна.

Ерата на глобализацијата, која трае од 1980 година, е при крај – таа е заменета со „век на хаос“, според студијата на Дојче банка на 8 септември.

Во извештајот, подготвен од стратегот на банката Џим Рид и неговите колеги, се наведува дека новата ера ќе се карактеризира со пораст на кинеската економија над Соединетите држави и придружни тензии меѓу нив, континуиран раст на глобалниот долг, порастот на милениумците (млади луѓе кои влегоа активни во 21 век) и помладите генерации.

Исто така, „векот на нарушувањето“ ќе се карактеризира со зголемена инфлација, посветеност на климатските промени, зголемена меѓугенерациска конкуренција и нова технолошка револуција.

Светскиот хаос ќе ја дефинира новата ера, барем во почетокот, за една деценија или повеќе. „Но, не е секој хаос лош“, се вели во студијата на Дојче банка.

„Мора да потенцираме дека оваа нова ера не треба да се сфати како причина да се напушти купувањето финансиски средства, бидејќи новата ера ќе донесе големи монетарни интервенции и ликвидност“, продолжуваат авторите.


Видете следно

Бесими очекува четири отсто раст наредната година и Буџет што ќе го поддржи економското закрепнување

Раст од четири отсто догодина согласно основното сценарио изработено од Министерството за финансии, очекува министерот …