Дојче Телеком лансираше мрежа од 5G во 5 германски градови


Дојче Телеком соопшти денеска дека нејзината 5Г мобилна мрежа работи во пет германски градови, а нејзиното лансирање се совпаѓа со денот на отворањето на Саемот за потрошувачка електроника ИФА во Берлин.

Германскиот оператор и лидер на пазарот платил 2,2 милијарди евра за 5G, а регулаторот штотуку го овозможи пристапот во Берлин, Минхен, Келн, Бон и Дармштат кои сега нудат широкопојасни опсези од 5G до 5 GB до една секунда. Тоа е доволно брзо за да симнете филм на паметен телефон за неколку секунди, пренесува Ројтерс.

Хамбург и Лајпциг ќе следат до крајот на годината, па така 20 германски градови ќе бидат опфатени до 2020 година, се вели во соопштението на Дојче Телеком.

„Ние излегуваме на 5G на улиците и се фокусираме на потребите на нашите клиенти“, рече главниот директор за телекомуникации, Волтер Голдиниц.


Видете следно

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 213 возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела (10.01 – 16.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …