Дојран и Валандово добија владини средства за инфраструктурно уредување


Гевгелија, 25 ноември 2020 (МИА) – Општините Дојран и Валандово добија владина финансиска помош во висина од девет милиони денари кои ќе бидат потрошени за дореализација на почнати зафати за инфраструктурно уредување на двете општини.

Општина Дојран доби пет милиони денари кои ќе бидат инвестирани за довршување на канализациската мрежа во должина од 1.200 метри во селото Фурка која моментно се гради со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање и средства од општинскиот буџет.

По изградбата на канализацијата ќе следува и целосно асфалтирање на прекопаната централна улица во Фурка за што пари ќе обезбеди Министерството за транспорт и врски преку Светската банка.

На општина Валандово владата и додели четири милиони денари кои ќе бидат искористени за реконструкција на локалниот пат од Чалакли до Татарник. им/вј/


Видете следно

Во Скопје 228 санкционирани возачи, 21 за брзо возење

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 228 …