Долче и Габана веќе се милијардери


Зголемувањето на глобалното пребарување на луксузни стоки доведе до појава на тројца италијански милијардери. Ова се случува во време на растот во пазарната цена на најдобрите модни брендови во светот, пишува агенцијата “Блумберг”.

54-годишниот Доменико Долче и 50-годишниот Стефано Габана со модната куќа Dolche & Gabbana, чии облека се продаваат во просек за 4 000 долари, се дел од листата на најбогатите луѓе на планетата, покажува индексот на милијардери на “Блумберг”.

Сандро Веронеси (53 години), сопственик на италијанската модна франшиза Calzedonia Group, која продава долна облека преку брендовите Intimissimi и Tezenis, веќе може да се пофали дека е милијардер.

“Тие се два сосема различни модни сегменти”, изјави Карло Памбианко, основачот на седиштето во Милано на модната консултантска компанија Pambianco. Според него, и двете фирми – Dolche & Gabbana и Calzedonia, се меѓу највредните модни компании во Италија.

Dolce & Gabbana се проценуваат на 5,3 милијарди долари. Доменико Долче, кој е претседател на бордот на директори на компанијата, поседува 41,8% од акциите. Така неговото нето богатство изнесува 2,2 милијарди долари. Истовремено богатството на Стефано Габана, кој е претседател и контролира 40 отсто од акциите, се проценува на 2,1 милијарди долари.


Видете следно

Одржана работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Финска

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи …