Донациите на Гејтс го лизнаа од листата на најбогати луѓе во светот


Познатиот американски претприемач Илон Маск го престигна основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на второто место на листата на најбогати луѓе во светот, со богатство од 127,9 милијарди долари.

 
Растот на акциите на електричниот автомобил Тесла за 6,5 проценти, во понеделникот му додаде богатство на Маск за 7,2 милијарди долари за еден ден за вкупно да има 127,9 милијарди долари.

Од почетокот на годината, богатството на овој претприемач и иноватор е зголемено за 100,3 милијарди долари.

Со проценето богатство од 182 милијарди долари, сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сè уште е на врвот на оваа листа.

Бил Гејтс неодамна го зголеми своето богатство на 127,7 милијарди, но ќе беше далеку поголемо ако не донираше толку пари.

Според списокот на Форбс за најбогати луѓе, Маск е на четвртото место, со богатство од 110,5 милијарди долари.

Видете следно

Акциска контрола на полицијата во Кавадарци и Неготино, изречени 93 мерки

Сообраќајната полиција изрекла 93 мерки за време на вчерашната акциска контрола во Кавадарци и Неготино. …